Напаѓачот на Наполи, Лоренцо Инсиње побарал од клубот нов четиригодишен договор со плата од 6 милиони евра годишно. Капитенот на лидерот во Серија А., барал и бонус за потпис од 7 милиони евра. Наполи не сака да му плаќа на играчот повеќе од 4,6 милиони евра годишно, така што преговорите за продолжување на соработката се во ќорсокак.
Моменталната плата на Инсиње е 4,5 милиони евра, а првичниот план на Наполи беше да му ја намали платата за повеќе од 1 милион евра. На Лоренцо му беа понудени 4 милиони евра по сезона, плус бонуси.
Според пишувањата на медиумите во Италија, ако не се договори со Наполи, Инсиње би можел да замине во Англија, со оглед на интересот кој за него владее од Евертон и Тотенхем.