Милевски: Не се откажуваме никако, одиме на тоа второ место

190

Македонската фудбалска репрезентација на чело со селекторот Благоја Милевски утре ги продолжува тековните квалификации со мечот на гостински терен против добро познатата за нас селекција на Ерменија. Со почеток во 17:00 часот на националниот стадион  во Ереван, ние ќе се обидеме да го изненадиме противникот и да освоиме бодови кои ќе не остават во игра за тоа второ место во групата кое го „бркаме“.

„Мислам дека и Ерменија и Македонија имаат подеднакви шанси за тоа второто место и на двата тима им е потребна победа. Мислам дека ќе биде добар натпревар, поразличен од оној во СКопје. Да, тој меч мина во наша доминација, но сега не очекува сосема нов меч. Очекувам отворен дуел, затоа што бодовите им се неопходни на двата табора“ – рече селекторот Милевски на стартот на официјалниот прес па продолжи.

„Секако дека кога еден Барди или Адеми недостасуваат, или на пример во моментов Стефан Ристовски, Бобан Николов, или Ердал Ракип конкренто за овој меч е проблем. Но оние кои ќе настапат на овој меч секако дека ќе го дадат максимумот, но што е тука е, сме во фаза за создавање на тим за следните четири пет години. Не се откажуваме никако, одиме на тоа второ место, а што ќе донесе самиот меч ќе видиме утре“ – додава нашиот кормилар, па поентира со одговор на прашањето што со лошата реализација во овие квалификации.

„Проблемот околу реализацијата е зад нас. Гледаме само напред, и она што сме го замислиле што се однесува до составот односно тактиката, ќе пробаме да го спроведеме на терен. Со оглед на начинот на кои се играат овие квалификации јасно е дека нема многу време за подготовки, но и покрај тоа сметам дека ќе бидеме подготвиме за она што не очекува“ – изјави Милевски.

Барди: Мора да сме тим, и заеднички да одиграме на највисоко ниво

Еден од оние од кого најмногу се очекува на овој меч секако е Енис Барди. Тој недостасуваше на претходните мечеви, сега е тука, и во одуство на Аријан Адеми, од него се очекува најмногу во средината на теренот.

„Ние треба да сме сконцентрирани на ова што ние и како ние ќе го одиграме овој меч. На секој меч деталите решаваат, ситниците, но најважно е за нас, ние да знаеме што бараме од овој меч. Мора да сме заедно, мора да одиграме како тим за да стигнеме до посакуваната цел“ – вели Барди па додава.

„Јас мислам дека по Европското првенство сите очекуваат повторно нешто големо, но мое мислење е дека треба да одиме меч по меч. Имаме нов селектор со кого добро се знаеме, имаме и доста нови играчи. Не, не мислам дека играме лошо, напротив играме добро, и еден меч или два не ја даваат правата слика. Напротив, ние сигурно се стремиме за највисок пласман не за да бидеме петти или шести“ – истакнува играчот за врска.

„Нормално дека кога ќе заиграш со нови соиграчи ќе ти треба малку време да се воиграш, но фудбалот не е комплексна работа. Не е ова математика или пак нешто слично. Се познаваме доволно, и најважно е да бидеме на максимално ниво, тоа е клучот. Она што се случуваше на претходниот меч овде мислам дека не треба ниту да се анализира, едноставно да заборавиме на тој меч. Утре да влеземе мотивирани за успех, заеднички и да бидеме целина која тешко некој можеда ја пробие“ – изјави Енис Барди.

 

 

ПретходноЧолаковски: Поради Македонија играм против играчи на Реал Мадрид (ВИДЕО)
СледноБоксерите од Конго исчезнале по Мундијалот во Белград