Македонките судии Начевски и Николов добија уште едно дерби во Лигата на шампиони. Нашите најдобри арбитри ќе ја делат правдата на дуелот меѓу Барселона и Келце.
Дуелот се игра во четврток (18 ноември) во „Блауграна“.
Во Лигата на шампиони официјално лице ќе биде и Драган Начевски, тој ќе биде делегат на средбата меѓу ПСЖ и Порто на Никола Митревски.