Подготвени за подвиг на домашен терен

808

Репрезентацијата на Македонија до 21. година денеска го одржа официјалниот тренинг пред утрешниот квалификациски дуел на домашен терен против селекцијата на Украина. Ова е еден од двата дуели кои ги играме во Скопје, вториот е против Франција, и кои ќе го одредат понатамошниот пат за нас во оваа квалификациска кампања.

Избраниците на селекторот Драган Канатларовски се подготвени за предизвикот и ветуваат дека ќе дадат се од себе за да освоиме нови бодови и останеме во игра за највисок пласман. За потсетување, засега имаме пораз од Франција на гости, потоа реми без голови против Србија во Охрид, па триумф над Ерменија на гости и реми против Исланд.

 

ПретходноНачевски и Николов го добија дербито меѓу Барса и Келце
СледноЧолаковски: Поради Македонија играм против играчи на Реал Мадрид (ВИДЕО)