Младата репрезентација на Македонија утре на ФФМ, со почеток од 13 часот ќе ги одмери силите со силната селекција У-21 на Украина. Гостите по четири меча имаат 9 бодови, ние досега сме освоиле 5, па затоа ќе настојуваат да дојдат до победата како би задржале чекор со Франција, која е првопласирана на табелата.
Од она што може да се очекува на дуелот со Македонија, свој коментар за медиумите во Украина, имаше селекторот на У-21 селекцијата Руслан Ротан.
“Нема воопшто да биде лесно. Македонија е жилав тим, тим кој сака да игра на контранапади, тврд ривал без дискусија. Впрочем како и сите останати балкански репрезентации. Бидете уверени дека не очекува крајно тежок натпревар“ истакна Ротан.