Познат составот: Милевски почнува со Трајковски и М. Ристовски во нападот!

347

Познати се стартните единаесет со кои Македонија во Ереван ќе се обиде да дојде до трите бода протув домашната селекција на Ерменија. Селекторот Благоја Милевски не експериментираше премногу, шанса добиваат оние кои и досега играа, ако се знае дека барем тројца клучни играчи се во “аут“.

Па така формацијата е 4-4-2, а на голот е Димитриевски. Во одбраната се Костадинов, Велковски, Муслиу и Алиоски. Во маневарот тука се Чурлинов, Барди, Елмас и Ашковски, додека во нападот се Трајковски и М. Ристовски.

Како што ексклузивно најавивме, Енис Барди е капитенот на овој меч.

ПретходноСакаме победа против Ерменија: Битка до последен здив!
СледноБарселона се надева на 50 милиони евра од продажба зимава