Не се сеќаваме дека кога нас ни требало нешто, се мисли тука на мак – фудбалот, дека сме имале некогаш среќа, дека некој нам нешто ни “подарил“. Па, ајде вечерва ја повикуваме таа среќа, да замине во Букурешт и да “направи“ Романија да не победи против Исланд.
Ама претходно ние ќе мораме да победиме во Ереван вечерва од 18 часот, и тоа кај силната Ерменија. А зошто пак да ја преценуваме? Зарем ние немаме свои фудбалски мајстори? Зарем ние не игравме на последното ЕП а Ерменија си седеше дома.
Таа е традицијата, тие се бројките, не вреди сега да тагуваме и жалиме за тоа што беше во Исланд во септември. Тоа беше и помина, сега треба да гледаме што ќе направиме ние вечерва.
А ни треба победа, три бода па потоа погледите да ги вртиме кон Букурешт и таа среќа да донесе реми или пораз на Романија.
Па, ајде еднаш и ние да имаме “помош“ од некого.
Со таков исход се знае, тогаш ние во недела ќе си ја решаваме судбината за тоа второ место и за тој бараж за пласман на СП во Катар 2022.
Лошо е тоа што и Ерменија и си ја гледа својата шанса.
Тоа ќе биде битка до последен здив…
А Македонија знае и има искуство да игра вакви натпревари и да победи.










