„Рибарите“ одиграа за нас: Реми во Букурешт, Македонија сама решава за бараж за СП 2022!

1227

Со третото реми во групата „Ј“, Исланд ни даде отворен пат кон баражите за Мундијалот во Катар 2022 година. Вечерва во Букурешт, популарните „рибари“ извадија 0:0 на гостувањето против Романија и ни направија голема услуга во последното коло в недела на „Националната Арена“ во Скопје, токму против нив во директна пресметка да се обидеме да обезбедиме победа која ќе не однесе на второто место во групата и ќе ни донесе битка за мундијалско учество.

Македонија по ова коло има бод повеќе од Романија и сами си ја решаваме судбината в недела од 18 часот во Скопје.

Во вториот натпревар во нашата Група, Германија го декласираше Лихтенштајн со 9:0 и со тоа си го потврди првото место и директниот пласман на СП 2022 од групата „Ј“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Португалија во исклучително важно гостување кај Р. Ирска одигра само нерешено 0:0 и се израмни со Србија на првото место во групата „А“. Тоа значи дека во последното коло директниот дуел меѓу овие две селекции ќе одлучува кој ќе оди директно на СП, а кој ќе игра во баражите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Шпанија минимално ја порази Грција со 1:0 и ја искористи шансата која им ја даде Грузија со победата над Шведска попладнево, за да се искачи на врвот во групата „Б“.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноСтручен коментар – Срѓан Захариевски: Перфектна Македонија!
СледноЦрн ден за Ерменија: Сениорите примија пет, младинците седум гола!