Полувреме: Македонски блесок во Ереван, водиме со 2:0!

134

Репрезентацијата на Македонија обезбеди одлична предност на гостувањето во Ереван против Ерменија во 9. коло од квалификациите за СП 2022. „Рисовите“ водат со 2:0. Првиот гол го одработи Стефан Ашковски кој издрибла тројца ерменски чувари, подаде до Трајковски на кого не му беше тешко да погоди.

Во 37. минута Енис Барди се најде на околу 17-тина метри од голот на Ерменците, шутна по земја и ја смести топката во мрежата на голманот на домашните.

Имаме убава предност, потребна е концентрација и да се сочува резултатот.

Трајковски погоди откако Ашковски одработи одлична акција (видео)

Македонија води со 2:0 во Ереван – Барди со шут од далечина ја тресе мрежата (видео)

 

ПретходноМакедонија води со 2:0 во Ереван – Барди со шут од далечина ја тресе мрежата (видео)
СледноЕ.Пелистер го збриша Пролет