Иако на вчерашниот меч против тимот на Лајпциг тимот на Хановер предводен од нашиот Филип Кузмановски доживеа пораз, сепак, овој меч дефинитивно го одбележа репрезенаттивецот на Македонија.
Кузмановски на крајот од првиот дел изведе слободен удар по истекот на времето, и маестрално погоди. Овој прекрасен погодок беше еден од четирите кои нашиот интернационалец ги постигна на овој меч, со што беше еден од најдобрите поединци во неговиот табор.
View this post on Instagram