Костадинов: Сега не ни треба еуфорија!

256

Тихо Костадинов од меч во меч покажува зошто со право селекторот Благоја Милевски смета на неговите услуги. Синоќа во Ереван против Ерменија победивме со 0:5, а тој беше еден од најдобрите во нашиот табор.

За тоа што не очекува во недела, против Исланд, Костадинов посочи:

Овој тим, сите ние, верувавме дека можеме да се доведеме во ситуација сами да си ја решаваме нашата судбина во овие квалификации за тоа второ место. И после убедливата победа над Ерменија сега не ни треба еуфорија. Ни треба „ладна глава“ и секако целосен фокус кон мечот со Исланд, последен во овој квалификациски циклус. Се надевам дека публиката ќе биде со нас на вистински начин“ заклучи Костадинов.

ПретходноВидарсон кон Романците: Ако ја сопреме Македонија сакам да ме честите пиво!
СледноАлиоски: Сакаме повторно да испишеме историја!