Мајами не си помина добро во Калифорнија, запиша два едноподруго порази

130

Екипата на Мајами за краток временски период загуби од двете екипи од Лос Анџелес, прво од Лејкерс, а потоа и од Клиперс. Тимот од Флорида тешко излегуваше на крај со играчите на Клиперс, а тие во меч полн со пресврти прво имаше двоцифрено водство, па двоцифрена негатива, а во последните секунди промаши шут за победа.

Мајами влезе енергично во мечот, постигна дури 40 поени во првата четвртина (40:25), а како одминуваше времето работите не одеа како што посакуваа. Најефикасен кај „жешките“ беа Адебајо со 30, Лаури со 25 и Хиро со 23 поени. Кај Клиперс Џорџ постигна 27, Џексон 22 и Бледсо 21 поен.

Клиперс стигнаа до седмата победа (шеста по ред) во 11 одиграни натпревари, додека Мајами по 12 меча има скор од 7 победи и 5 порази.

На другите натпревари Торонто славеше против Филаделфија со 115:109, а Индијана беше подобра од Јута со 111:100.

ПретходноПовторно тепачка на меч од НБА лигата (видео)
СледноКвалификации за СП: Продолжи победничкиот марш на Бразил (видео)