Пресврт: Цицмиловиќ се врати на клупата на Воска Спорт!

4213

Добри вести за фановите на охридскиот второлигаш Воска Спорт и за сите во клубот. Имено Раде Цимиловиќ, кој пред три недели од приватни причини си замина од клубот, се врати на клупата на Воска Спорт и со него сега екипата ќе јуриша на нови победи во ВМФЛ – ЗАПАД. И тоа против Кораби во Дебар, па ќе им биде домаќин на Вардар и Силекс. Ова е серијата мечеви во наредните три кола на Воска Спорт.

Да споменеме дека на двата меча со Тетекс и Гостивар екипата ја предводеше Даниел Стојановски.

За тоа зошто Цицмиловиќ одлучи да се врати во тимот кој во јуни го презема и беше убедливо втор на табелата, самиот тој за Спортмедиа истакна…

Познато е дека пред три недели си заминав од приватни причини. Сепак деновиве по разговорот со газдата на клубот Нефи Усеини решив да се вратам и да и помогнам на Воска Спорт. Јасно е дека овој проект е сериозен проект и газди како Нефи Усеини заслужуваат да играат во ПМФЛ. Такви спонзори и газди како него има се помалку во мак – фудбалот“ вели Цицмиловиќ.

Инаку тој верува дека Воска Спорт оваа сезона и тоа како ќе се бори за пласман во елитната лига…

По поразот од Гостивар екипата на Воска Спорт полека, но сигурно се стабилизира и нема простор за паника. Веќе од наредниот меч ќе се вратат победите. Воска Спорт има одличен тим, во игра се уште 51 бодови и докрај ќе се бориме за влез во Првата лига. Конкуренцијата е силна, првенството е интересно и сите екипи се израмнети, што би се рекло секој секого може да победи. До крајот ни остануваат навистина тешки натпревари, но наше е да се обидеме сите да ги добиеме. Одиме од меч во меч, не се сомневам дека ќе дојдат и резултати само со наша напорна работа“ заврши Цицмиловиќ во изјавата за Спортмедиа.

ПретходноДавиде Маса на центарот: Со Исланд ќе имаме италијанска арбитража!
СледноМакедонска фудбалска РАПСОДИЈА!