Алиоски: Сакаме повторно да испишеме историја!

238

Зарем треба да се каже што значи Езџјан Алиоски за нашата најдобра фудбалска репрезентација. На секој меч за Македонија тој го дава својот максимум. Вчера иако постигнавме пет гола, сепак тој не се запиша во листата на стрелците, но не е тажен, напротив.

Во живот ништо нема случајно. Овој резултат е плод на нашата напорна работа. Се гледа квалитетот на фудбалерите кои играа на младинското европско првенство, но и на она сениорското. Јас сум голем оптимист. Тоа што го покажавме со Ерменија сега треба да го покажеме и на неделниот натпревар со Исланд. И јас и сите ние сакаме повторно да испишеме историја“ истакна Алиоски.

ПретходноКостадинов: Сега не ни треба еуфорија!
СледноЧави парично го казни Дембеле поради доцнење на тренинг од три минути!