Бизнисменот Дејвид Хендерсон е прогласен за виновен и ќе одлежи 18 месечна казна затвор за организација на авиоскиот лет на фудбалерот Емилијано Сала, кој трагично загина во авионска несреќа.
Хендерсон е виновен затоа што во организацијата на летот не се испочитувани сигурносните мерки и протоколи, и поради тоа загинаа и Сала, но и пилотот на авионот.
Обвинителот Мартин Гуди на изрекувањето на пресудата навел дека Хендерсон во оваа ситуација се понел многу неодговорно и безобзирно и дека го ставил личниот профит и интерес пред сигурноста на патниците.