Видарсон кон Романците: Ако ја сопреме Македонија сакам да ме честите пиво!

777

Вистинска сензација беа тие синоќешни 0:0 меѓу Романија и Исланд. Резултат кој нас не “лансираше“ како големи фаворити за таа втора позиција во Ј групата за пласман на СП во Катар 2022. Односно како фаворит за пласман во баражот. Сега ние самите си решаваме, додека Романија ќе чека наш кикс.

На пресот по вчерашниот меч со Романија, селекторот на Исланд, Арнар Видарсон, откако виде колку беа тажни Романците, тој се обиде да го “утеши“ со следните зборови.

Немој да се грижите. Како што ве сопревме вас, ќе ја сопреме и Македонија во Скопје. Ако тоа се случи сакам да ме честите пиво“ им се обрати селекторот на Исланд на присутните новинари по мечот во Букурешт.

ПретходноКаков срам за Солскјер: Последниот тренинг на Сити пред дербито со Јунајтед траел само 10 минути!
СледноКостадинов: Сега не ни треба еуфорија!