Гроздановски: Можевме и моравме повеќе до сега, Франција е голем мотив за нас

174

Македонската репрезентација до 21. година вчера одигра на домашен терен 1:1 против селекцијата на Украина во рамките од тековните квалификации.

Освоен е бод, уште еден на домашен терен по оној против Србија кога одигравме 0:0, а сега ни следува уште еден дуел пред нашите гледачи. Тоа е оној против Франција кој е закажан на 16 ноември во 18:30 часот.

Стрелец на голот за нашата репрезентација на дуелот со Украина беше Томче Гроздановски. Играчот за врска е еден од најстандардните во оваа кампања и има доста сериозна улога во нашиот тим.

„Секако дека сум задоволен од постигнатиот гол, и од освоениот бод, но останува оној момент кај сите нас дека досега во овие квалификации, можевме и моравме повеќе. Пред се поради квалитетот кој го поседуваме, затоа што и ние самите знаеме дека можеме подобро. Во моментов сме трети и ќе се обидеме на следните мечеви, таа ситуација да ја поправиме. Еве сега ни доаѓа Франција, лидерот во нашата група. Селекција која е самата по себе инспирација за секого, со многу квалитетни фудбалери. Ги имаме и ние, и токму затоа мислам дека ни претстои екстра квалитетен меч вреден и тоа како за надигрување. Испирација нема да ни недостасува, а вкомпонирано со тимскиот дух кој мора да го имаме на терен мислам дека имаме добри шанси за да извојуваме поволен резултат на овој меч“ – изјави за Спортмедиа, Томче Гроздановски.

 

ПретходноБизнисменот виновен за смртта на Емилијано Сала доби казна затвор
СледноНОВИ ВЕЛОСИПЕДИ ЗА РОБЕРТ И ЗА ВЛАТКО СО ИГРАЈ БЕЗ НЕРВОЗИ И МЕРЦЕДЕС ВОЗИ