Хорхе Македа и официјално се договори со Нант во следната сезона да настапува за овој клуб од Франција. Тоа значи дека екс – вардарецот ќе ја наследи нашата ракометна икона – Кире Лазаров во Нант, ако се знае дека Македонецот најави дека по завршување на сезоната 2021/22 ќе стави крај на својата кариера.
Ова значи дека Македа ќе се врати во Нант, откако до пред шест години го носеше дресот на овој клуб, потоа играше за Вардар со кого ја освои европската круна, а потоа беше дел од Сегед, а сега е во Веспрем од каде во јуни ќе се пресели во Нант.