Со оглед на големиот интерес за неделниот меч меѓу Македонија и Исланд, меч кој решава дали “рисовите“ ќе се пласираат во баражот за пласман на СП во Катар 2022, одличен потег на раководството на Фудбалската федерација на Македонија. Имено ФФМ одлучи источната и западната трибина на Арената да се отворат за фановите кои ќе можат преку МК Тикетс да купат билет кој ќе чини по 100 денари.
Одамна е познато дека за северната и јужната трибина, билетите ќе чинат по 150 и 300 денари во зависност од местата на овие трибини на Арената “Тодор Проески“.
По ова се очекува голема поддршка за момците на Благоја Милевски.
Познато е дека мечот се игра во недела со почеток во 18 часот.