Исланд доаѓа во Скопје со една голманска промена

720

Третиот голман на репрезентацијата на Исланд, младиот Патрик Гунарсон се повредил и нема да биде со репрезентацијата на Исланд на натпреварот против Македонија в недела.

На негово место е повикан Хакон Валдимарсон, кој вчера бранеше за У21 репрезентацијата на Исланд на мечот против Лихтенштајн.

Според најавите на исландските медиуми, на неделниот меч во Скопје голот на Исланд ќе го брани Елиас Елафсон, 21-годишниот голман на дански Митјиланд, кој имаше брилијантен настап на мечот со Романија.

ПретходноХет-трик „боли глава“: Кејн им даде еден со глава, еден со лева, еден со десна нога (ВИДЕО)
СледноЖоржињо промаши пенал за пат на Италија на Мундијалoт, Англија ја потопи Албанија (ВИДЕО)