Репрезентацијата на Бразил им се врати на победите во светските квалификации во зоната КОНМЕБОЛ: „Селесао“ успеа со 1:0 да ја победи Колумбија на домашен терен и собра 34 бода од возможни 36. Единствениот гол на мечот го постигна Лукас Пакета во 72. минута.
Во исто време поразот ги оддалечи „кафеџиите“ од четвртото место кое води на СП 2022. Колумбија е петта со 16 поени. Толку имаат уште Чиле и Уругвај.
Чиле со автоголот на Силва во 56. минута го совлада Парагвај во Асунсион. Селекцијата на перу со 3:0 славеше над аутсајдерот Боливија на свој терен. Головите ги постигнаа Лападула, Куева и Пена во првото полувреме.
Standings provided by SofaScore LiveScore