Кун Агуеро: Мора да останам позитивен и да ги слушам советите на лекарите

137

Како гром од ведро небо денеска осамна информацијата дека Серхио Кун Агуеро е пред завршување на својата кариера со оглед на здравствените проблеми кои му се појавија неодамна.

Како што е добро познато, Агуеро се пожали на тегоби на сред натпревар, итно беше пренесен во болница, за да му биде констатирана срцева болест за која ќе мора да биде и е во моментов подложен на третман. Тој самиот ја искоментира ситуцијата, ниту ја демантираше информацијата ниту ја потврди само напиша на социјалните мрежи дека мора да остане позитивен во ставот во моментов, и да ги следи препораките од лекарскиот тим. Во следните 90 дена будно ќе се следи неговата ситуација и потоа ќе се види што и како понатаму.

Ante los rumores les cuento que estoy siguiendo las indicaciones de los médicos del club, haciendo pruebas y tratamiento y ver mi evolución en el plazo de los 90 días. Siempre en positivo 🤟🏽

— Sergio Kun Aguero (@aguerosergiokun) November 12, 2021

ПретходноСупер – Барди ги мина Седлоски и Ќириќ на листата на стрелците…
СледноГолчиште на Филип Кузмановски за најавни шпици (ВИДЕО)