Потешко од очекувањата но по добро одиграната последна четвртина, тимот на МЗТ Скопје Аеродром предмалку успеа да слави над тимот на Осијек со конечни 81:71, во рамките од „балонот“ кој се игра токму во истоимениот град.
Најдобриот македонски кошаркарски состав лошо стартуваше, и ја загуби првата четвртина со 24:21, за да на полувреме да се замине со резултатски егал.
Вториот дел нашиот тим го започна далеку поодгоровно пред се во одрбатаната па по добиената трета четвртина со 25:17 ја „заработи“ потребната предност. Последната четвртина рутински добиена со „плус десет“.
Кај победничкиот состав Вер со 22 поени, Милошевиќ со поен помалку, додека Дејвис стигна до 18 коша.