Фудбалската репрезентација на Србија денеска отпатуваа за Лисабон, каде в недела против Португалија ќе го игра клучниот меч за директен пласман на СП 2022. На аеродромот ги придружувал и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој освен што им посака среќа, најави дека во договор со Владата на Србија за српските репрезентациите ќе издвои 1 милион евра како дополнителна премија, доколку победат и се пласираат на Мундијалот во Катар.
„Да ги победиме во Португалија. И како што можете да видите, не се плашам од тоа ако резултатот е различен, сите ќе ме нападнат во секој случај. Во договор со Владата на Србија ќе издвоиме за вас како дополнителна награда милион евра кои можете да ги поделите“, им рекол Вучиќ во авионот.