Романците разочарани: Ни се случи катастрофа, не веруваме во кикс на Македонија со Исланд

3060

Романија имаше се во свои раце, им требаа победи над Исланд и Лихтенштајн за да ја завршат работата и да го освојат второто место во групата. Но Романците одиграа реми со Исланѓаните, па од тука Македонија со онаа победа над Ерменија се најде во фантастична позиција за да избори бараж за СП 2022. „Рисовите“ влегуваат во последното коло од пол позицијата, а им треба триумф над Исланд во Скопје.

Романскиот селектор Радои го спореди ремито со Исланд со национална катастрофа и исто така ја гледа Македонија како патник во баражот.

Овој резултат е национална катастрофа, ваквите мечеви со години може да нѐ мачат, цел живот може да не прогонуваат. Во оваа земја ми се чини дека во многу области паѓаме во клучните моменти. Сакавме да бидеме втори, сѐ беше во наши рацеНе верувам дека Македонија може да киксне против овој Исланд. Тоа што го имавме во рака не го зграпчивме. Разочаран сум и јас и фудбалерите. Жал ми е за навивачите. Не одигравме доброизјави романскиот селектор.

ПретходноЧави го договора Саул Нигес
СледноГорецка добро помина по овој потег на фудбалер на Лихтенштајн (видео)