Тодорова освои сребро на ЕП во кик-бокс за кадети и јуниори

639

Македонската кик-боксерка Миа Тодорова освои сребро на Европското првенство за постари кадети и јуниори кое деновиве се одржува во Будва, Црна Гора.

Во финалната борба за златото во категоријата до 65 килограми, Тодорова во беше поразена од Русинката Пеливан Ајшегул со 3:0.

Тодорова единствена донесе сребро за Македонија од ова ЕП и тоа во дисциплината К1. Претходно, со бронзени медали се закитија и Олгица Орешкова (лоу кик), Силвио Мировски и Горјан Ристовски (К1).

ПретходноПОТВРДЕНО: Алвеш е нов играч на Барселона, ќе игра за плата од 1 евро неделно!?
СледноХет-трик „боли глава“: Кејн им даде еден со глава, еден со лева, еден со десна нога (ВИДЕО)