У21: Фарските острови непоразени и во Србија, Македонија остана трета

552

Младата репрезентација на Фарските Острови успеа да ја изненади и Србија играјќи без голови 0:0 на денешниот меч од квалификациите за ЕП 2023. Овие две селекции се наши ривали во групата „Х“, каде по ова реми на Србија и Фарските Острови, Македонија и натаму останува на третата позиција на табелата, зад Франција и Украина.

Избраниците на Драган Канатларовски вчера одиграа 1:1 дома против Украина и дојдоа до 6 освоени бода во 5 одиграни меча, колку што имаат и Фарските Острови, но со меч повеќе. Македонија во вторник ја пречекува Франција во Скопје во новиот меч од квалификациите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноШкотска го потврди местото во баражите за СП 2022 (ВИДЕО)
СледноНеверојатно! Андора доби црвен картон во 15. секунда на мечот со Полска