FOTO> Twitter/DFB_Team_EN
Германија одамна обезбеди место на СП 2022, а синоќа беше немилосрдна против Лихтенштајн во меч од 9.коло од групната фаза од квалификациите. „Панцерите“ со 9:0 го совлада Лихтенштајн што е највисока победа во квалификациски меч за Мундијал. Претходниот рекорд изнесуваше 9:1 над Луксембург во квалификациите за СП 1934 и 8:0 над Албанија во квалификациите за СП 1970.
Селекторот Ханси Флик дојде на местото на Јоги Лев за време на квалификациите. Откако тој го презема кормилото, тимот запиша шест едноподруго победи. На ниту еден германски селектор не му успеало да врзе толку победи на првите шест натпревари.
Притоа на тие шест натпревари, Германците реализираа дури 27 голови што е најмногу до сега.
Во последното коло Германија ќе игра со Ерменија во Ереван и има шанси овој ефект да го подобри.