Чави го договора Саул Нигес

413

Играчот од средниот ред на Атлетико Мадрид, Саул Нигес, кој моментално е на позајмица во Челзи, би можел да се пресели во Барселона во текот на зимскиот преоден рок, објави „Ел Чирингито“.

Лондонскиот клуб е подготвен да го врати играчот од средниот ред во Атлетико, но во договорот за закуп кој е со важност до 30 јуни 2022 година, нема клаузула за предвремен раскин.

26-годишниот Саул оваа сезона одигра осум натпревари за Челзи и постигна еден гол.

ПретходноКвалификации за СП: Продолжи победничкиот марш на Бразил (видео)
СледноРоманците разочарани: Ни се случи катастрофа, не веруваме во кикс на Македонија со Исланд