Чави парично го казни Дембеле поради доцнење на тренинг од три минути!

1072

Нов шеф на клупата и нови правила. Време е Чави Ернадез да воведе строга дисциплина во Барселона и да заведе ред во тимот. И искрено тој тоа и го прави. Прво го распушти медицинскиот тим, а дега дојде на ред и Усман Дембеле, напаѓачот кој прескапо платен а за возврат ништо не и даде на Барселона во играчка смисла.

Новото правило на Чави се однесува за тоа како треба да се однесуваат фудбалерите кога доаѓаат на тренинг. Имено тренингот иако започнува во 10 часот, секој играч на Барселона мора да биде во кампот најдоцна до 8.30 часот. Несреќниот Дембеле дошол во 8.33 часот и затоа ќе добие парична казна.

Нема шега со Чави…

ПретходноАлиоски: Сакаме повторно да испишеме историја!
СледноРепрезентативците добиваат екстра премија за победата над Ерменија