Нималку добри вести од “Камп Ноу“, поточно од докторскиот тим кој се грижи за срцевите проблеми на мега – ѕвездата Серхио Кун Агуеро. Тој, според медиумите во Каталонија, по најновите детални прегледи, ќе мора да престане да игра фудбал со цел срцевите проблеми и натаму да не му го влошуваат здравјето. Познато е дека на Аргентинециот на мечот со Алавес ненадејно му се слоши, подоцна беше утврдено сека станува збор за не така несериозна болест, односно проблеми со виталниот орган.
Се разбира дека ова се лоши или катастрофални вести за Барселона и новиот стратег Чави Ернандез.