Денеска осум меча во квалификациите – дербито е Италија-Швајцарија

146

Светските квалификации во европската зона продолжуваат со 8 натпревари од 3 групи – група Ц, група Ф и група И. Најголемо внимание предизвикува мечот меѓу Италија и Швајцарија кој ќе биде решавачки за првото место во групата Ц.

Европскиот првак води пред Швајцарија поради подобрата гол-разлика, а првиот меѓусебен дуел заврши без голови. Натпреварот се игра на „Олимпико“ во Рим (20:45 ч.), а дури и победникот не гарантиран патник на СП затоа што постои можност во последното коло тој да киксне и да го испушти првото место кое директно води на Мундијалот.

Италија по овој меч во последното коло ќе гостува кај Северна Ирска, а Швајцарија ќе игра со Бугарија на свој терен.

Инаку во оваа група Ц покрај Италија и Швајцарија ќе играат уште Северна Ирска-Литванија.

Во групата Ф сигурен патник на СП е Данска која има 8 победи од 8 натпревари и гол-разлика 27:0. Против Фарските Острови ќе се обиде да ја продолжи победничката серија. Во битка за второто место фаворит е Шкотска кои вечерва гостуваат во Молдавија и со победа сигурно ќе оди во баражот. Надешта на Израел е победа на гости кај Австрија и кикс на Шкотланѓаните.

ВЕЧЕРВА ИГРААТ

ГРУПА Ц
СЕВЕРНА ИРСКА – ЛИТВАНИЈА  20:45 ч.
ИТАЛИЈА – ШВАЈЦАРИЈА             20:45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА Ф
ДАНСКА – ФАРСКИ ОСТРОВИ    20:45 ч.
АВСТРИЈА – ИЗРАЕЛ       20:45 ч.
МОЛДАВИЈА – ШКОТСКА            20:45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ГРУПА И
АНГЛИЈА – АЛБАНИЈА   20:45 ч.
АНДОРА – ПОЛСКА        20:45 ч.
УНГАРИЈА – САН МАРИНО          20:45 ч.

Standings provided by SofaScore LiveScore

ПретходноМонако со порака до Евертон: Го сакате Головин, дајте 40 милиони и земајте го
СледноНационалите слетаа во Скопје, во 15:30 часот тренинг на ФФМ!