Една година од „експлозијата“ во Тбилиси – победата која нѐ однесе на ЕП

264

Денеска е точно една година од онаа сензационална вечер на македонската фудбалска репрезентација во Тбилиси каде во финалето на Лигата на нациите ја победивме Грузија и изборивме историски пласман на Европското првенство. „Рисовите“ на „Борис Паишадзе“ стадионот излегоа со големи мотиви и ентузијазам и желба за триумф. Еден луциден потег и брза реакција на Горан Пандев донесе водство во 56. минута кое се покажа како доволно за победа од 1:0.

Токму 12 ноември 2020 година ќе биде запомнет како денот кога Македонија го избори првото учество на ЕП. Се надеваме дека ќе продолжи трендот и ќе ја видиме Македонија на уште некое големо натпреварување.

Еве, ни се отвори шанса да бркаме пласман на Мундијалот во Катар. Победата над Ерменија во Ереван и киксот на Романија против Исланд ни даде шанса во последното коло, со победа над Исланд да одиме во бараж па таму да го бараме мундијалскиот билет.

 

ПретходноГорецка добро помина по овој потег на фудбалер на Лихтенштајн (видео)
СледноПелистер на поправен, МЗТ Скопје цели кон врвот