За дуелот со Исланд: ФФМ ги отвара источната и западната трибина на Арената!

635

Со оглед на големиот интерес за неделниот меч меѓу Македонија и Исланд, меч кој решава дали “рисовите“ ќе се пласираат во баражот за пласман на СП во Катар 2022, одличен потег на раководството на Фудбалската федерација на Македонија. Имено ФФМ одлучи источната и западната трибина на Арената да се отворат за фановите кои ќе можат преку МК Тикетс да купат билет кој ќе чини по 100 денари.

Одамна е познато дека за северната и јужната трибина, билетите ќе чинат по 150 и 300 денари во зависност од местата на овие трибини на Арената “Тодор Проески“.

По ова се очекува голема поддршка за момците на Благоја Милевски.

Познато е дека мечот се игра во недела со почеток во 18 часот.

ПретходноДесниот бек на Голден Арт ја продолжува својата кариера во Германија
СледноЕкс – вардарецот Македа е наследникот на Лазаров во Нант!