На еден од вечерашните дуели од квалификациите за пласман на СП 2022 се случи вистнски куриозитет.
Само што почна мечот во Андора, домашната репрезентација остана со играч помалку. За само 15 секунди од судискиот свиреж за почеток на мечот, домашниот напаѓач, 22-годишниот Рикард Фернандес имаше удар со лакот врз централниот дефанзивец на Полска, Камил Глик, по што главниот судија не размислуваше и му покажа црвен картон.
Ако ништо друго, Фернандез ќе се најде на 5. место на листата на најбрзо заработени црвени картони во историјата на фудбалот.