Работнички рутински против Навико Академија ФМП

149

Според очекувањата, тимот на Работнички попладнево на домашен терен го совлада тимот на Навико Академија ФМП со конечен резултат од 100:77.

Овој меч за момците од Гратски парк доаѓа како рехабилитација за оној лош меч и резултат во дербито против МЗТ Скопје Аеродром, и одиграа на потребното ниво, онака како што и се очекува од овој тим. Особено тоа се однесува за странскиот двоец, Џексон Пол и Недим Мустафица. Првиот реализираше 22, а вториот 17.поени во првото полувреме во кое „црвено-белите“ реализираа 59. поени. На другата страна, примија само 37, за убедлив плус од 21. поен.

Инаку еден натпревар од ова седмо коло ќе се игра во саботниот термин, Гостивар – ТФТ (од 19.часот), уште два во неделниот, Куманово 2009-Кожув (19.00) и Еуро Никел 2005 – Феникс 2010 (од 19.30 часот).

Во вторник, на 16. ноември пак ќе се играат последните две средби од ова седмо коло. Од 15.часот, МЗТ Скопје Уни Банка го пречекува Пелистер, некој час подоцна, од 18.30, Ангели ќе биде домаќин на МЗТ Скопје Аеродром.

 

ПретходноМЗТ со многу мака до триумф против „фенерџијата“ Осијек
СледноШкотска го потврди местото во баражите за СП 2022 (ВИДЕО)