Нов шеф на клупата и нови правила. Време е Чави Ернадез да воведе строга дисциплина во Барселона и да заведе ред во тимот. И искрено тој тоа и го прави. Прво го распушти медицинскиот тим, а дега дојде на ред и Усман Дембеле, напаѓачот кој прескапо платен а за возврат ништо не и даде на Барселона во играчка смисла.
Новото правило на Чави се однесува за тоа како треба да се однесуваат фудбалерите кога доаѓаат на тренинг. Имено тренингот иако започнува во 10 часот, секој играч на Барселона мора да биде во кампот најдоцна до 8.30 часот. Несреќниот Дембеле дошол во 8.33 часот и затоа ќе добие парична казна.
Нема шега со Чави…