Алисон: Целта на Ливерпул оваа сезона е да освои се

186

Голманот на Ливерпул Алисон Бекер изјави дека целта на тимот сезонава е да ги освои титулите во сите натпреварувања во кои учевствува. Клубот се бори да го врати приматот во Премиер лигата но бразилецот смета дека тоа не е доволно.

„Секако дека сакаме да ги освоиме сите титули. Лигата на шампионите, првенството, ФА Купот, Купот Карабао. Ова треба да биде цел на секој од нас во тимот. Но, мораме да одиме натпревар по натпревар, да бидеме целосно фокусирани и да си ја работиме работата“, изјави Алисон во интервју за клупскиот магазин Ливерпул. 

Тој верува дека во сето тоа ќе помогнат навивачите кои се вратија на трибините. „Фудбалот без навивачи не е фудбал. Чувството да се зад вас на теренот е фантастично. Навивачите можат да бидат наш дополнителен играч“, додаде чуварот на мрежата на Ливерпул.

ПретходноЧави во офанзива: Барса преговара за позајмици на Стерлинг, Вернер и Кавани
СледноАрнар Видарсон: Ќе се обидеме да ви ја расипеме забавата утре