Според денешното издание на престижниот Билд, тимот на Борусија Дортмунд во следниот преоден рок односно во јануари ќе се обиде во своите редови да го донесе мароканскиот интернационалец и во моментов член на Челзи, Хаким Зиеш.
Тој во Лондон пристигна во 2020 година за 38. милиони фунти од Ајакс, но досега забележа само 17 мечеви во стартниот тим. Ниту кога Томас Тухел стана менаџер нештата за него не се променија, па затоа многу веројатно дека тој наскоро ќе побара да си замине. Планот на Дортмунд според Билд е во јануари да го доведе Зиеш на позајмица, а на лето да има опција да го откупи.