МВП во ВНБА утре гостува во Скопје

284

Македонската женска кошаркарска репрезентација утре (19 часот) во СРЦ „Кале“ ја пречекува селекцијата на Босна и Херцеговина, во меч од квалификациите за пласман на Европското првенство 2023 година.

По Германија, од која избраничките на селекторот, Александар Ашаданов беа поразени на гости, „црвено-жолтите“ ги чека уште една тешка задача. БиХ на стартот ја совлада Белгија, а во својот состав ја има најкорисната кошаркарка од ВНБА, Џонкел Џонс.

Таа на првата средба против Белгија (87:81) постигна 44 поени и 22 скока и оствари индекс 51.

Сепак во Скопје може да поинаку, особено ако се вратат Девона Бонер и Ивана Кметовска, кои поради повреди не заминаа во Германија.

Влезот за мечот со Босна ќе биде слободен.

ПретходноКуп на Македонија: Фавортите фуриозно!
СледноГостивар останува перфектен дома, ТФТ не го издржа „пеколот во Младост“