Поради Салах трипати беше прекинуван мечот меѓу Ангола и Египет

506

Ангола и Египет вчера одиграа натпревар од квалификациите за Светското првенство 2022,  а пристигнувањето на една од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал Мохамед Салах во главниот град на Ангола предизвика голема еуфорија кај локалните навивачи.

Дека фудбалерот на Ливерпул во моментов е најголемата ѕвезда на африканскиот фудбал доволно говорат и сцените од стадионот во Луанда, бидејќи мечот трипати бил прекинат поради втрчување на навивачи.

Тројца момци се обидоа да дојдат до Мохамед Салах за да го поздрават и на тој начин да си ја исполнат големата желба. Полицијата и обезбедувањето беа постојано на штрек. Момчињата беа изведени надвор од теренот и најверојатно ќе добијат забрана за влез на стадионите.

ПретходноСтрумичанки на градско дерби, лидерот го предизвикува шампионот
СледноОд синоќа и официјално: Кари е најдобар „тројкаш“ во историјата на НБА!