Со билборди во Скопје, Романија го “врбува“ Исланд!

6277

ФОТО: СПОРТМЕДИА

На ден пред историскиот меч на нашиот национален тим во Скопје се појавија билборди со кои Романија се обидува да ги “врбува“ фудбалерите на Исланд.

Една од компаниите која е официјален спонзор на романската фудбалска репрезентација е фабриката за пиво. Тие се обидоа да му испратат порака на селекторот на Исланд и тоа преку билборд.

“Драг Арнад Видарсон, пивото е подготвено“, стои во пораката на билбордите во Скопје.

Со ова алудираат Романците на изјавата на селекторот на Исланд кој пред неколку дена ја расплака Романија со оние 0:0 со кои Македонија се стави во позиција да стигне до баражот за СП.

Видарсон по мечот им најави дека ќе треба Романија да го чести пиво ако сака да извади добар резултат и со Македонија во Скопје.

Но од Романија удрија во статива.

Зошто!?

Па го утнаа хотелот на Исланд во Скопје. Исланд е сместен во “Мериот“ а пред „Хилтон“ се нашите фудбалери. Исланѓаните нема ни да поминат на потехот од Автокоманта кон Аеродром а билбордите се поставени токму пред „Хилтон“.

А за да биде ударот уште поголем!!! Исланѓаните на чело со нивниот селектор веќе добија пиво и тоа „СКОПСКО“ од Спортмедиа неколку минути пред нивниот тренинг во Скопје. Романско пиво пред „Скопско“! Тоа никако не оди…

ПретходноСкандал во Црна Гора: Тројца фудбалери позитивни на Ковид-19, биле на турбо фолк забава
СледноНапред Македонијо: Одиме на победа, одиме по бараж за СП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)