Ботас прв во “спринт“ трката за ГН на Бразил, Хамилтон фантастичен…

157

Валтери Ботас го освои првото место во “спринт“ трката за ГН на Бразил во Формула 1. Тоа значи дека Финецот утре ќе стартува како прв на трката на патеката во близина на Сао Паоло.

Како втор ќе стартува Макс Верстапен кој вечерва “спринт“ трката ја заврши на второто место. Сепак прва ѕвезда вечерва беше светскиот првак Луис Хамилтон, кој стартуваше од 25 место, но успеа за само 24 круга да мине десет болиди и да заврши на петата позиција. Сепак тој утре на главната трка ќе стартува од 10 позиција ако се знае дека доби казна од пет места поради менување на агрегатот во својот болид.

Сепак јасно е дека не очекува „страшна“ трка меѓу Верстапен и Хамилтон, уште една за титулата сезонава во Формула 1.

ПретходноШто ни треба за пласман на СП: Како Македонија до Мундијалот во Катар?
СледноЦиндриќ се враќа по долгата пауза