По пласманот на фајнл-фор заршницата во Купот, Нант и Кирил Лазаров запишаа нова победа и тоа само во три дена. На домашен терен тимот за кого настапува македонскиот селектор и капитен го совлада Истр со 36-31 (19-15) во рамките на деветото коло во францускиот шампионат.
Лазаров мечот го заврши перфетно со пет гола од исто толку обиди. Валеро Ривера со девет гола од 11 обиди и на оваа средба беше прв стрелец.
Со новите бодови Нант се искачи на второто место на табелата зад ПСЖ, со скор од шест победи, реми и два порази.