Гостивар останува перфектен дома, ТФТ не го издржа „пеколот во Младост“

711

Гостивар им се врати на победите по шокот од Феникс во минатото коло. Избраниците на Александар Јончевски на домашен терен го совлада ТФТ со 89-75 во дербито на седмото коло во Првата лига.

Изедначена игра имаше во првото полувреме, во кое водството постојано се менуваше, а домаќинот пред крајот на втората четвртина со 6-2 поведе со 47-42 на одморот. Гостивар главниот исчекор кон победата го направи во третата четвртина, дојде до двоцифрено водство од 56-44. Најголемата позитива во овој дел од мечот изнесуваше плус 13 (64-51).

ТФТ до крајот успеа на двапати да симне под десет, но немаше сили за целосен пресврт. Тимот од Тафталиџе го запиша вториот пораз, додека Гостивар петата победа, трета на домашен терен.

Инаку ова беше прв меч на Александар Костоски против некогашниот тим. Тој ова лето направи трансфер во ТФТ откако претходно договори продолжување на соработката со Гостивар.

Вокру имаше дабл-дабл од 22 поени и 11 асистенции, Тодоровиќ запиша 20 поени, кај ТФТ, Бродевј имше 18 поени.

ПретходноМВП во ВНБА утре гостува во Скопје
СледноШто ни треба за пласман на СП: Како Македонија до Мундијалот во Катар?