Дин Смит од Астон Вила се сели на клупата на Норвич

133

Довчерашниот менаџер на Астон Вила, Дин Смит, ќе биде најверојатниот нов тренер на Норвич.

Според англискиот печат, преговорите меѓу Смит и Норвич се во напредна фаза. Претходно оваа работа му беше понудена на Френк Лампард, но тој ја одби.

Даниел Фарке си замина од кормилото на „канаринците“ на 6 ноември, ден откако ја оствари првата победа со тимот во новата сезона во Премиерлигата.

Смит работеше во Астон Вила од 2018 година.

ПретходноОстанаа само околу 800 билети: Исланд го дочекуваме пред полн стадион!
СледноЧави во офанзива: Барса преговара за позајмици на Стерлинг, Вернер и Кавани