Каков “кикс“ на Норвешка, Турција го “поздрави“ Гибралтар со 6:0!

342

Неверојатно. Сметаа дека можта да бидат дури и на првото место во групата Г, а сега на коло до крајот се дури трети. Норвешка едноставно во текот на сите 90.мнути на свој терен не можеше да го пронајде патот до голот на Летонија, па така остана резултатот 0:0. Овој кикс Норвежаните може да ги чини дури и бараж, зошто сега имаат и полоша гол разлика од Турција.

Во Истанбул пак домашната селекција на Турција со 6:0 успеа да го победи Гибралтар. Па така сега оваа селекција е втора на коло до крајот.

Вечерва Холандија гостува кај Црна Гора и со победа ќе го завери пласманот во Катар, додека Турција и Норвешка во последното коло ќе се борат за таа втора позиција. Норвешка кај Холандија и Турција кај Црна Гора.

ПретходноРАСПРОДАДЕНО: Нема веќе влезници за Македонија – Исланд…„пламнаа“ сите 17.000 билети!
СледноКуп на Македонија: Фавортите фуриозно!