Милевски: Со ладни глави и жешки срца одиме по бараж

260

Македонската репрезентација ја одржа официјалната прес конференција пред утрешниот историски меч против Исланд во рамките од тековните квалификации за Мундијалот во Катар во 2022 година.

Ова е последниот меч од оваа кампања, а ние на Арената Тодор Проески утре од 18:00 часот, имаме императив победа за да го оствариме историскиот пласман на второто место во групата и автоматски заминеме во бараж дуелите.

Селекторот Благоја Милевски како најава за овој дуел изјави дека нашиот нацонален тим е подготвен за предизвикот, цврсто стои на земја, што се однесува до еуфоријата и дека нема потреба на овој меч да се гледа поинаку како на сите останати кои поминаа или пак кои следуваат.

„Не би рекол дека е најтежок меч сите мечеви се подеднакво важни. Да последен меч од овие квалификации, но не се подготвуваме поинаку од било кој меч. Тоа што имаме шанса да се пласираме во баражот не мотивира повеќе. Не чувствуваме некој посебен притисок, секако дека е подобро да решаваш сам за својата судбина отколку да чекаш од друг, но полниот стадион утре може да ни донесе само поголем мотив“ – изјави селекторот на Македонија, Благоја Милевски па додаде.

Ерменија и победата од 0:5 ја оставивме во Ереван

Селекторот Милевски потоа во својата изјава ја отфрли секоја можност утрешниот меч да биде реплика на онаа фантастична победа против Ерменија во Ереван од пред некој ден со 0:5, и дека мечот против Исланд е една сосема нова авантура за нас.

„Ерменија и мечот таму е зад нас, го оставивме во Ереван што се вели. Очекувам сосема поинаков меч утре. Било каков предизвик да ни се појави во текот на мечот ние ќе одговориме на предизвикот. Со ладни глави но со жешки срца влегуваме утре. Имаме план како да го победиме Исланд. Се надевам дека нема да ги има тие индивидуални грешки кои се случија во Исланд и дека нема да ги има“ – изјави Милевски.

ПретходноАлвеш: Пет години се борам за кам – бек на Ноу Камп
СледноРистовски: Одиме по бараж и не застануваме таму