Напред Македонијо: Одиме на победа, одиме по бараж за СП! (ФОТОГАЛЕРИЈА)

308

Доцна попладнево националите го одработија последниот тренинг на Арената „Тодор Проески“ каде утре во 18 часот ќе ги одмериме силите со Исланд. Во меч за пласман во баражот за СП во Катар 2022 година.

Се враќа Стефан Ристовски, со него сме уште посилни. Во Ереван ја покажавме нашата сила, па утре со “рибарите“ не мора да биде 5:0 за нас, доволно е и 1:0.

Нам ни треба победа, ни требаат тие три бода и никој не се сомнева дека утре околу 20 часот ќе се радуваме на историски пласман во бараж за СП во Катар 2022.

НАПРЕД МАКЕДОНИЈО…одиме на победа, одиме по бараж за Мундијалот!

ПретходноСо билборди во Скопје, Романија го “врбува“ Исланд!
СледноЖРК Вардар со минус 10 на првата пресметка со Јуро Уринек