Жарко Пешевски и Штутгарт не успеаја да дојдат до победа на гостувањето кај Мелсунген во рамките 11. коло во Бундес-лигата. Тимот за кого настапува македонскиот репрезентативен пикер беше совладан со убедливи 29-23 за трет пораз во низа, вкупно осми.
Штутгарт е едно место над опасната зона со четири бода, два помалку од Хановер на Филип Кузмановски.
Пешевски мечот го заврши со три гола. Виго Кристјансон и Тимо Кастенинг имаа по осум гола.